Прашањето за мигрантите е државно прашање и за него мора да одлучува Собранието, а не поединечни општини или советници на ВМРО-ДПМНЕ, наведува СДСМ во соопштението од прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска кое МИА го пренезува интегрално.
Премиерот Христијан Мицкоски со денови одбива да даде едноставен одговор дали ќе ја потпише Резолуцијата со која граѓаните ќе бидат сигурни дека мигранти за пари во Македонија нема да има. Наместо одговор, гледаме изговори, одолговлекување и обиди темата да се префрли на локално ниво.
Зошто Мицкоски бега од Собранието? Ако не знае – Собранието е највисокиот орган на државата, составен од пратеници директно избрани од народот. Затоа Резолуцијата е народен договор. Со една одлука, на целата територија на Македонија, прашањето може да биде затворено. Но ВМРО-ДПМНЕ одбива.
Дополнително, изјавите на Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ сами го потврдуваат планот за мигранти во Македонија.
Уште еднаш јавно го повикуваме премиерот Мицкоски:
Не мора да одговори на СДСМ – нека им одговори на граѓаните:
Ќе ја потпише ли Резолуцијата? Да или НЕ?
Од ВМРО – ДПМНЕ пак со одговор дека пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, а денес Филипче е против наводни мигранти во Македонија.
– Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото, јасно е кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против истото. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава СДС, се рушат како кула од карти. За среќа на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега и секогаш ќе води антиемигрантска политика, се вели во партиската реакција.
