Вести Култура

Усвоена Декларација за одржливи културни модели за иднината

Усвоена Декларација за одржливи културни модели за иднината, на Конференцијата на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, со кој годинава претседава Македонија. Декларацијата трга од заложбите на министрите за култура на земјите од ЈИЕ, кои, како што стои во документот, се загрижени за културното наследство, поради опасностите од човечки фактор, непланирана урбанизација, влијание на климатските промени и ризиците од природни катастрофи. Декларацијата се базира врз 7 точки: Заштита на културното наследство, зголемување на неговата отпорност, унапредување на дигиталната технологија за зачувување на културните добра, промовирање етичка употреба на вештачката интелигенција, вклучување на локалните заедници при носење одлуки за заштита на културното наследство, воведување современи политики при конзервација и ревитализација и интензивирање на меѓународната и регионалната соработка, во функција на заштита на културните добра преку заеднички проекти. Според министерот за култура и туризам Зоран Љутков , Декларацијата е важен чекор зашто ја потврдува заложбата на ресорното министерство за одржлив развој на културата.

  • Ова е важен чекор за нас како држава, бидејќи она за што се залагаме, тоа е одржлив развој во културата.Создавање на нови модели кои што ќе ја направат културата многу поинклузивна, многу посамоодржлива и многу покомпактна. За тоа се залагаат скоро сите земји во регионот. Од тие причини е потребно да се донесе една ваква декларација. А, тоа се нови модели за самоодржливост во културата. Еден од приоритетите секогаш за замјите во развој, се креативните културни индустрии. Сметам и јас лично, дека креативните културни индустрии се економски генератор и оној дел од културата што придонесува во буџетот на една држава, кажа Зоран Љутков, министер за култура и туризам на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе