Хартиените потврди за царински долг стануваат минато, откако Царинската управа и Централниот регистар воспоставија целосно електронско поврзување.
Од сега, Централниот регистар со еден клик ги добива податоците од Царината, што значи значителна заштеда на време, ресурси и административни трошоци за фирмите и граѓаните.
Директорите на двете институции, Бобан Николовски и Анита Стамнова, соопштија дека годишно се издаваа 7 до 9.000 хартиени потврди, за кои беа потребни пет до десет дена обработка.
Новиот систем ги елиминира овие процедури и овозможува потврдите да се добиваат електронски за само неколку минути.
Ова е првата фаза од надградбата на едношалтерскиот систем.
Следува интеграција со Управата за јавни приходи и Централниот регистар на население, што ќе овозможи уште поавтоматизирани услуги.
Институциите најавуваат продолжување на дигитализацијата со цел подобра ефикасност и поголема доверба во јавните услуги.
