Вести Економија Топ вести

Поскапувањa на сите страни, цените кај овошјето зголемени за 18 отсто, мерки за сега нема

Скапотијата никако да попушти. Статистика измери инфлација од 4 отсто во ноември годинава во однос на ноември лани.

Од храната, за една година најмногу поскапело овошјето, речиси 18 проценти. Месото, маслото мастите за над 7 отсто.  Зголемување на цените е регистрирано и кај другите производи – лебот, сирењето, јајцата.

Сериозно поскапување од над 27 проценти има кај кафето, чајот и какаото,  но станува збор за берзански производи. Единствено поевтинил зеленчукот.

Цените на мало пак се зголемени за 3 отсто.

Од документот на статистичарите може да се види дека поскапел и транспортот, здравствената заштита, културата, рекреацијата, рестораните и хотелите. Нешто пониски се трошоците за образование.

Иако, првичните проекции на Владата беа дека годинава ќе се заврши со инфлација од 2, 8 отсто, сега  според фискалната стратегија очекувањата се да биде 3,9 отсто, исто колку што е прогнозата на Нaродната банка. Па, останува да се види дали  2025 година ќе ја завршиме со стапка на инфлација под сегашните 4 отато, – процент кој веќе подолго време е присутен .

Премиерот Мицкоски пред извесно време кажа дека ќе се разгледуваат неколку модели за стабилизација на цените. Но, за сега нема ништо од тоа.

Иако,  се зборуваше дека ќе се донесат повеќе кошнички –  за пензионери, млади, за три и четиричлено семејство, ни за тоа нема ништо. Нема информација ниту дали се преговара  може би за некаква новогодишна кошничка.

Ја нема ниту онаа владината која требаше да ја замени онаа на синдикатите откако беше соопштено дека во кошничката на ССМ има спорни работи.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе