Бугарија доби нова привремена влада, која според претседателот Румен Радев иако е техничка има амбиција за демократско единство.
На Бугарија и претстојат тешки месеци, тешко наследство и зголемен отпор од силите на статус квото.
Радев коментираше дека владата во заминување ја исцеди државната каса на Бугарија со контроверзни проекти, а привремената влада треба да ги среди работите, да има транспарентност и ефикасност во управувањето. Новоназначениот бугарски премиер одговорен за спроведување на изборите, Стефан Јанев, рече дека новата влада ќе биде апсолутно бескомпромисна за секакви обиди за изборни нарушувања.