Вести Свет

Eден од најбараните на листата на Европол уапсен во Шпанија

Шпанската полиција во Аликанте го уапски бегалецот кој со потерница е баран од Белгија, беше и  додаден на листата на најбарани лица во Европа на Европол само два дена пред неговото апсење.

Тој беше баран за кривично дело од 2009 година во Белгија, каде што наводно контактирал жена која се јавила на оглас за барање работа. Лицето  ја убедило да се сретнат во нејзиниот дом и откако се уверил дека нејзината партнерка си заминала, ја принудил на сексуални односи додека била сама со своите мали деца.

По нападот, тој избегал во Луксембург, а подоцна во Франција, каде што му се изгубила трагата. Белгиските службеници побараа помош од своите шпански колеги во мај поради сомневања дека бегалецот се крие во Шпанија под лажен идентитет.

Првичните истраги насочија кон областа Аликанте, каде што бил забележан на 4-ти декември, а истражителите утврдиле дека тој се подготвувал повторно да избега.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе