Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека утринава во 7 часот, во СВР Скопје било пријавено дека е пронајден починат маж пред поликлиника „Ченто“.
Според пријавата, околу 6 часот пред објектот бил пронајден починат Е.Е. (44) од Скопје. Лекарската екипа која излегла на лице место констатирала смрт без видливи траги на насилство.
Од МВР посочуваат дека по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, со цел утврдување на причината за смртта.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
