Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци организиран од двоецот Мицкоски-Груевски е потврда на сè она што го говориме, реагираат од СДСМ.
„Најсилна поддршка добија од Виктор Орбан и неговата партија Фидес. Тој успешно го крие и го чува бегалецот Никола Груевски, бегалецот од правдата, кој украде две милијарди евра и побегна. Но, сè уште управува со ВМРО-ДПМНЕ од далечина“, стои во реакцијата на СДСМ за вчерашниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, по кој унгарскиот претседател Виктор Орбан ја прогласи оваа партија за една од најуспешните во Европа. Бизниси, кредити, банки, оваа власт е директно поврзана со Орбан. Тоа е делод вертикалата преку политичките партии Фидес на Орбан, СНС на Вучиќ, во Србија и ДПМНЕ на Груевски и Мицкоски која со години функционира на иста линија. Што е заедничко за оваа оска, освен големи бизниси, преплетени интереси, моќ и влијание“, порачуваат од партијата.
