Вести Свет

Макрон: Русија само ескалира и не сака мир

Францускиот претседател Емануел Макрон остро го осуди последниот голем руски напад врз украинската енергетска и железничка инфраструктура, ветувајќи дека Франција ќе продолжи да го поддржува Киев во потрагата по мир.

„Русија се затвора во ескалациски пат и не бара мир. Остро ги осудувам масовните напади кои синоќа беа насочени кон Украина, особено нејзината енергетска и железничка инфраструктура“, напиша францускиот претседател на Икс.

Тој најави и клучен состанок кој ќе се одржи следната недела.

„Мораме да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме да го избере мирот. Во понеделник ќе отпатувам за Лондон за да се сретнам со украинскиот претседател, британскиот премиер и германскиот канцелар, со цел да ја процениме ситуацијата и тековните преговори во рамките на американското посредување“, информира Макрон.

Тој нагласи дека Украина може да смета на „непоколебливата поддршка“ на Франција и дека Коалицијата на подготвените дејствува токму со таа цел.„

„Ќе ги продолжиме овие напори со Американците за да ѝ обезбедиме на Украина безбедносни гаранции, без кои нема да биде можен никаков силен и траен мир. Затоа што, она што е во прашање во Украина е и безбедноста на цела Европа“, заклучи Макрон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе