Американскиот милијардер Илон Маск повика на „укинување“ на Европската Унија (ЕУ) по казната што ја изрече Европската комисија (ЕК) за неговата социјална мрежа Икс.
„Европската Унија би требало да се укине, а суверенитетот да се врати поедини држави, со цел владите да можат подобро да го претставуваат својот народ“, порача Маск.

Европската комисија на 5 декември ја казни Икс со 120 милиони евра поради кршење на обврските за транспарентност според Законот за дигитални услуги. Меѓу утврдените прекршоци се збунувачки дизајн на т.н.„сина квачка“, недостаток на транспарентност во складот за огласи и оневозможување на пристап до јавните податоци за истражувачите.
Ова не е прв судир меѓу Маск и Европската Унија. Американскиот милијардер претходно го критикуваше процесот за избор на претседател на ЕК, нарекувајќи го „недемократски“. Одлуката на ЕК за казна за Икс наиде на реакции и кајвисоки американски претставници кои постапките на Комисијата ги споредија со цензура.
