Економија Најважни

Донесен Законот за легализација на дивоградби- власта и опозицијата се договорија

Со амин на пратениците од власта и опозцијата, попладнево е донесен нов Законот за легализација на дивоградби. Имаше 72 гласа „за“, 3 „воздржан“ и 5 „против“. Од овој закон се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.

Законот дозволува легализирање на дивоградби во заштитени подрачја, по добиена согласност од надлежниот орган.

Како „казна“, сопствениците на дивоизградените објекти за легализацијата ќе треба да платат за 50% поскапи комуналии од она што би го платиле ако имале дозвола за градба.

Со стапување во сила на овој закон се запираат сите постапки за рушење на дивоградби и сите поврзани управни и судски постапки. За расправа се пријавија само пратеничките Маја Морачанин и Гордана Силјановска-Давкова, кои не дадоа поддршка за овој закон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе