Во НБА-лигата утринава на програмата беа 12 натпревари на кои беа постигнати неколку интересни резултати.
Во најголемото дерби во лигата помеѓу Бостон и Лос Анџелес Лејкерс, домашните славеа убедлива победа од 126-105. Селтикс ја направија разликата уште во првата четвртина и во продолжението само ја одржуваа благодарение на 30-те поени на Џејлен Браун. Лејкерс беа сериозно ослабени без Леброн Џејмс и Лука Дончиќ во составот, па очекувано Остин Ривс беше најефикасен со 36 поени.
Шампионот Оклахома продолжува да гази сè пред себе и ја запиша 14-тата победа по ред со 131-111 против Далас. Шеи Гилџеус Александер постигна 33 поени за три четвртини и ги предводеше Тандер, кои на врвот на лигата имаат ефект од 22 победи и само еден пораз сезонава.
Денвер се врати од негатива од 23 поени и славеше на гостувањето кај Атланта со 134-133. Никола Јокиќ постигна 39 поени, додека Џамал Мареј имаше 23 поени и 12 асистенции. Џејлен Џонсон запиша трипл-дабл за Хоукс со 21 поен, 18 скока и 16 асистенции.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Орландо – Мајами 106-105
Кливленд – Сан Антонио 130-117
Детроит – Портланд 122-116
Њујорк – Јута 146-112
Торонто – Шарлот 86-111
Чикаго – Индијана 105-120
Хјустон – Феникс 117-98
Мемфис – ЛА Клиперс 107-98
Милвоки – Филаделфија 101-116
