Вести Македонија Топ вести

Министерство за правда: Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

Предлог законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија (ЕК), соопшти денеска Министерството за правда (МП). По добиеното мислење, Предлог законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура.

Како што посочуваат од МП, станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.

„Клучни новини кои се предвидени со законот се: јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна; прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“; воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност; зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите; унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ“, се вели во соопштението.

За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова, нагласуваат од МП, е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ и сега РМ директно одговара на таа препорака.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе