Вести Најважни Свет

Моди му порача на Путин: Индија е на страната на мирот

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска се обрати пред медиумите, откако претходно го пречека лидерот на Русија со сите почести.

Ова е прва посета на Путин на земјата од почетокот на воената инвазија на Украина во 2022 година, при што Кремљ сака да покаже дека западните обиди за изолација на Русија не успеале.

Средбата се одржува во услови на напнатост меѓу САД и Индија, откако Вашингтон воведе дополнителни 25% тарифи за нафтата што Индија ја купува од Русија.

Двете земји разговараат за трговија и одбрана. Моди пред новинарите на заедничката пресконференција со рускиот претседател нагласи дека Индија не е неутрална земја, туку дека таа е на страната на мирот.

Благосостојбата на светот лежи во патот на мирот. Верувам дека напорите направени во претходните денови ќе го водат светот кон правецот на мирот. Индија не е неутрална, Индија е на страната на мирот. Ние ги поддржуваме сите напори за мир. Ние стоиме рамо до рамо во однос на мирот. Треба да има проширување на индиско-руските економски односи, за да достигнеме нови височини. Се надевам дека ќе го продолжиме нашиот состанок со такви позитивни резултати, изјави Индискиот премиер Нарендра Моди.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе