Вести Свет Топ вести

Нов голем проблем со Cloudflare – падна голем дел од интернетот

Корисниците на интернет ширум светот пријавуваат масовни прекини во работата на платформите кои го користат Cloudflare, меѓу кои се Zoom, Canva, LinkedIn и Down Detector.

Cloudflare обезбедува услуги за голем број познати сајтови, вклучувајќи ги Discord, Notion, X, Spotify, Canva, GitHub и Stack Overflow.

Проблемите ги погодија и продажните платформи – Shopify, Etsy, Wayfair, H&M, како и одредени медиуми, меѓу кои Politico, Axios, BBC и други.

Дури и Down Detector, сајтот што ги следи дефектите на интернетот и апликациите, во моментов има потешкотии.

Cloudflare е компанија која помага на речиси секоја петта интернет страница да го обезбеди и управува својот интернет сообраќај. Многу платформи кои сега се паднати ги користат нивните сервери.

Кон крајот на ноември се случи сличен дефект на десетици сајтови кои го користат Cloudflare, поради што коосновачот и директор на компанијата, Метју Принс, се извини „за болката што му ја нанесовме на интернетот“, како што напиша на блог.

Тогаш прекинот на работата беше предизвикан од пад на системот кој ги штити сајтовите од DDoS напади, обид серверот да се преплави со сообраќај и да се онеспособи. Принс нагласи дека тој претходен инцидент не бил последица на сајбер напад.

Сè уште не е познато што го предизвика денешниот прекин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе