Вести Македонија Топ вести

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од вкупно 82 пратеници кои гласаа, Чучуљ доби едногласна поддршка со 82 гласа. Пратеникот Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги колегите да го поддржат кандидатот, истакна дека „Чучуљ навистина може да ги зајакне капацитетите и репутацијата на ДКСК“.

Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит и актуелен генерален секретар на Комисијата, каде што работи веќе 19 години. Тој доби највисоки оценки од Комисијата за селекција на кандидатите – 96,5 бодови. Според оценката, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.

Огласот за избор на нов претседател беше објавен уште летово, но постапката беше прекината поради локалните избори. Од вкупно 13 пријавени кандидати, селектирани беа 10.

Чучуљ доаѓа на местото на Татјана Димитровска, која поднесе оставка поради обвиненија во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Претходно, по усвојувањето на дневниот ред, Собранието на денешната седница ги избра Ана Тромбева Гавриловска, Марко Спасов, Мурат Алиу, Бертон Сулејмани, Агим Хазири и Никица Мојсоска Блажевски за членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност. Исто така, беше донесена одлука за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Седницата продолжи со расправа по предлог на одлука за основање на Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе