По масовните протести низ Бугарија против предложениот буџет за 2026 година, владејачката партија ГЕРБ соопшти дека е подготвена за предвремени парламентарни избори.
Лидерот Бојко Борисов побара поддршка за изготвување нов буџет со стабилно мнозинство од најмалку 121 пратеник, предупредувајќи дека во спротивно земјата ќе оди на нови избори.
Протестите, во кои учествуваа десетици илјади граѓани во Софија и повеќе големи градови, избувнаа поради предлог-буџетот што предвидува зголемени даноци и придонеси во приватниот сектор.
Демонстрантите, како и опозицијата, бараат оставка на владата, а претседателот Румен Радев повика на предвремени избори како излез од политичката криза.
Паралелно со тоа, парламентот денеска ќе го разгледа и барањето на Радев за распишување референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година.
Владата веќе го повлече предложениот буџет поради големиот притисок на јавноста, додека институциите се соочуваат со растечко незадоволство и ескалација на протестите.
