Вести Македонија

Бројот на медицински кадар за едни реална слика за други неточни бројки

Министерот Азир Алиу ги отфрли тврдењата на Синдикатот на клинички околу новата прераспределба на работните места. Откако од синдикатот вчера реагираа дека ваквите мерки може да го нарушат функционирањето на системот и дека приватниот сектор не смее да го „откупува“ стручниот кадар, министерот вели кадарот мора да се дисперзира.

„Заедно со Министерството за образование, ние веќе правиме национална стратегија, 10 годишна национална стратегија за да може човечките капцитети да ги предвидуваме, а да не бидеме во ситуација како што сме денеска уште еднаш институции кои што имаат поголем број на здравствени работници и институции кои што навистина немаат или се во работ да се затвори некој оддел заради тоа што немаат доктори внатре. Здравствениот систем мора да биде поблиску до граѓаните, а за да биде поблиску ние мора да го дисперзираме“, вели Азир Алиу министер за здравство.

Алиу додава дека за прв пат по повеќе од 30 години се добива точна слика за состојбите во здравството. Најави дека уште денеска ќе побара состанок со Синдикатот на Клиничкиот центар за да разговараат на оваа тема. Тој додаде дека се отворени за сите предлози и идеи кои сакаат да придонесат за подобрување на здравствениот систем, со цел креирање политики засновани врз реалните потреби. Минатата недела Алиу го промовираше електронскиот регистар на сите здравствени работници, кој ќе биде задолжителен при секое ново вработување. Министерството уверува дека со новиот систем ќе се спречат партиски, лични или „телефонски“ влијанија при доделувањето специјализации и работни места. Регистарот нуди точни податоци за секој здравствен профил по општини, што ќе го покаже кадровскиот дефицит и реалните потреби за нови вработувања или прераспределба.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе