Преку системот Сејф сити (Безбеден град) во првите 12 часа биле пишани околу 65 илјади опомени, најголем дел за пречекорување на дозволената брзина по скопските улици од 50 км/ч.
Но, многумина добиле казна и за 51 км/ч, а еден од нив е и поранешниот пратеник Рубин Земон кој преку ФБ објави дека добил 3 опомени.
-Направите “зелен бран” на Партизанска за да можи со брзина од 40 км/ час да се поминат барем 5-7 раскрсници, а не од едниот до другиот крај на Сити Мол да фаќаме “црвен бран”. Денес ми дојдоа 3 опомени од Safe City, за возење со 51, 54 и 56 км/час. Ајде ова 56 и можеби е прекршок, ама 51 и 54!!!! Ова 56 е поради стигање на “зелено”, а овие 51 и 54 воопшто и не знам! Ќе треба и брзинометрите да ги баждариме, напиша Земон на ФБ.
Вчера и Телма објави опомена на која се гледа дека Сејф сити ја “пишал” за 54 км/ч на булеварот Партозанска во Скопје.
