Код

КОД: Биро за метрологија каде се криеле предмети на штета на државата, јавни набавки и злоупотреби, криза на „тивкиот“ Пацифик

Во ова издание на КОД, истражуваме како работело Бирото за Метрологија . Тоа е надлежно за верификација на мерила, ваги, броила, пумпи  Од неговото постоење до денеска не е извршена ревизија на оваа државна институција .

Повеќе години во Бирото за метрологија имало појава, документи за верификација на мерни инструменти на приватни фирми не биле заведувани во архивата на Бирото. Оваа информација за КОД ја потврди и актуелниот директор на Бирото Седад Рушани. Тој тврди дека имало случаи кога во фиоки се криеле предмети од страна на контролорите задолжени да ги контролираат фирмите кои се овластени да вршат баждарења на струјомери, водомери, мерачи на гас и пиштоли за бензински пумпи.

Соговорници на КОД пак тврдат дека праксата за наплата без да се архивира се уште се применува во Бирото. Новиот директор на Бирото за метрологија пак тврди дека тој модус операнди е сопрен и сега сите предмети се чуваат централизирано за да не дојде до криење на документи. Со криењето, парите кои требало да ги добие државата завршуваат во туѓи приватни џебови и како мито. КОД до овие сознанија дојде преку истражување потикнато од кривична пријава за компанија и за вработен во Бирото за метрологија- бидејќи погрешно бил верификуван односно баждарен резервоар за нафтени деривати.

КОД при посетата на Бирото, го сними и комбето со подвижната лабораторија. Комбето сега е на паркинг, а лабораторијата од над милион евра се користи како статична во просториите на Бирото. Миомир Серафиновиќ.

И во најновиот извештај на Европската комисија имаше забелешки за системот за јавни набавки, а за жал тие се повторуваат во последните години. Имаше е измени на Законот за јавни набавки но дали тоа донесе подобри практики? Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации зборува и за тоа кои се најголемите ризици  и во која област најмногу се злоупотребени јавните набавки.

За една глобална тема-далеку од Македонија, но битна за светската политика. Во изминатите две недели ескалира дипломатската војна меѓу Јапонија и Кина во врска со тајванското прашање. Јапонската премиерка изјави дека хипотетички напад на Кина врз Тајван ќе повлече и јапонска воена акција. Кина гневно реагираше, заканувајќи се дека Токио ќе плати „болна цена“ ако ги премине линиите во врска со Тајван.

Во смирувањето на тензиите се вклучи и американскиот претседател Доналд Трамп кој побара смирување на топката. За зголемените тензии во Азиско-пацифичкиот регион, растечката кинеска воена моќ и територијалните спорови со другите земји од регионот, Код ексклузивна анализа со професор Гордон Флејк, еден од водечките светски експерти за стратешките односи во Азиско-пацифичкиот регион. Срѓан Стојанчов.

Ова издание на КОД е емитувано на ТВ Телма, на 30.11.2025. година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

КОД: Анонимно писмо го предвиде изборот на Синани во антидискриминација

Дејан Дејан

КОД: Анонимно писмо го предвиде изборот на Синани во антидискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе