Вести Економија Македонија

Партијата на пензионери бара минимална пензија од 70% од минималната плата

Партијата на пензионери го истакнува правото на пензија како темелно и неотуѓиво право стекнато со долгогодишен труд.

Тие предупредуваат дека сегашниот систем на линеарно усогласување на пензиите може да биде дискриминирачки и да создаде долгорочни проблеми за пензискиот систем.

Како решение, партијата предлага донесување на Закон за минимална пензија, со кој минималната пензија ќе изнесува најмалку 70% од минималната плата, а просечната до 60% од просечната плата.

Дополнително, се предлага паричен додаток за пензионери кои немаат други приходи, за покривање на трошоци за енергија, годишен одмор и новогодишни пакети.

Партијата нагласува дека со овој пристап се зачувуваат стекнатите права, се штити генерациската солидарност и се избегнува фаворизирање на оние кои манипулирале со придонесите.

Краткорочните бенефити, предупредуваат, можат да предизвикаат долгорочни проблеми за сегашните и идните генерации пензионери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Дејан Дејан

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе