Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека разговорите со украинската делегација во Флорида биле „продуктивни“, но дека „останува уште работа“.
Делегацијата, предводена од новиот главен преговарач Рустем Умеров, разговарала за безбедноста, иднината и обновата на Украина во рамки на напорите за ставање крај на војната.
На средбата учествувале и претставници на администрацијата на Доналд Трамп, вклучувајќи го пратеникот Стив Виткоф, кој e најавено дека деновиве ќе патува во Москва за понатамошни преговори. Умеров рече дека САД „слушаат и поддржуваат“ и ги оцени разговорите како успешни, додека Трамп изјави дека има „добри шанси“ за постигнување договор.
Една од главните нерешени точки останува статусот на украинските територии под руска контрола… Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека е клучно преговорите да се водат со јасен фокус на украинскиот суверенитет.
Зеленски денеска патува во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон.
Од друга страна и Aмериканскиот претседател Доналд Трамп одговарајки на прашања од новинарите, враќајќи се во Вашингтон од Флорида. Исто така ги коментираше четиричасовните разговори што американските и украинските претставници ги завршија синоќа, со цел да се најде крај на војната меѓу Русија и Украина.
- Па, тие продолжуваат и добро продолжуваат. Сакаме да спречиме убивање луѓе. Нема многу врскасо нас, но би сакал да видам дали можеме да спасиме многу души. Многу луѓе се убиваат. Минатиот месец имавме 27.000 убиени луѓе во таа смешна војна што никогаш не требаше да се случи. Тоа никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател, изјави Трамп.
