Емисии

По успехот на Сезона 1, The Founder Games објавува нов циклус- дел од шоуто за млади стартап иноватори ќе се снима и на јахта

Задоволство ми е да објавиме, заедно со ТВ Телма како партнери, дека ги отворивме апликациите за Втората сезона на The Founder Games – регионален акцелератор и реалити шоу за претприемачи, снимено низ повеќе од 13 земји.

Во моментов сме во потрага на стартапи во рана фаза (pre-seed/seed, со подготвен MVP) кои ќе се приклучат на програмата што ќе се снима на мегајахта – спој на вистинска акцелерација и кинематографска приказна.

Бидејќи медиумите играат клучна улога во обликувањето на регионалната иновациска сцена, би сакале да соработуваме со вас во ширењето на повикот до основачи кои заслужуваат да бидат на оваа сцена.

Избраните стартапи добиваат:

  • Награден фонд од 300.000 €
  • Целосно покриена акцелераторска програма
  • Патување во Силиконската долина
  • Покриени трошоци за пат и сместување
  • Изложеност преку регионално реалити шоу
  • Пристап до ментори, инвеститори и оператори

The Founder Games, првиот регионален формат што комбинира реално ТВ-шоу и стартапакцелератор, официјално го најавува стартот на новата сезона и отвора повик за ситеамбициозни стартапи од регионот кои сакаат да станат дел од најинтензивното инајвидливо претприемачко искуство на Балканот.

По успехот на првата сезона која ги следеше 40 стартапи од 15 земји низ реални предизвици, инвестициски состаноци и бизнис-симулации, The Founder Games продолжува да ја гради својата визија за трансформација на стартап-екосистемот преку автентична, необработена и длабоко човечка приказна на претприемачите.

Епизодите од првата сезона се емитуваа и на ТВ Телма, што овозможи претприемачките приказни првпат да стигнат до широка локална публика.

Сезона 1 донесе силни резултати и реални бизнис-исходи:

  • Над 10% од стартапите обезбедија инвестиција за време на програмата
  • 30% започнаа со приходи
  • 50% преговараат за нови инвестициски рунди

Публиката реагираше со силен интерес кон автентичниот пристап кој е без сценарио, без гламур, само реална претприемачка борба, притисок, падови и победнички моменти.

Повик за учество во новиот циклус на акцелераторската програма

Паралелно со снимањето на новата сезона, се отвора и повикот за влез во програмата која комбинира:

  • менторство со експерти од регионот и светот,
  • предавања и работилници
  • реални бизнис-симулации,
  • директни средби со инвеститори,
  • и интензивни предизвици дизајнирани да го забрзаат растот во услови на притисок.

Стартапите ќе се соочат со серија предизвици инспирирани од вистински ситуации како кризен PR, B2B продажба, инвестициски аукции, антипичинг, storytelling, и други модели на учење преку акција, методологија што ја докажа својата ефективност во сезоната 1.

Оваа година се очекува уште поголемо учество на инвеститори, партнери и корпоративни лидери од регионот, Европа и пошироко.

The Founder Games – повеќе од ТВ-шоу

The Founder Games е нова категорија – комбинација од образование, забава и претприемачка акцелерација.

Целта е јасна:

– да се отвори претприемништвото кон јавноста,

– да се инспирира новата генерација основачи,

– и да се изгради платформа која ги надминува границите на класичните телевизиски и акцелераторски формати.

Апликациите се отворени

Стартапите во pre-seed или seed фаза, со MVP и приближно 100 дена до пазар, се поканети да аплицираат.

Ќе бидат избрани 20 тима кои ќе бидат дел од акцелераторската програма и од новата сезона на реалното шоу, што е предвидено овој пат да биде снимано на мега јахта на отворено море следната пролет.

Линк за апликации: https://www.foundergames.com/platform/application

Рокот завршува на 25.12.2025 год.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Дали сме подобро подготвени или повторно ќе броиме колку хектари шума изгоре?

Sasko Dimovski

Топ тема: Каде се губи граѓанинот и јавниот интерес во вртлогот на божем реформи во судството, администрацијата и државните органи?

Sasko Dimovski

КОД: Дива сеча на шума во Јасен кај езерото Козјак

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе