Црвена линија

Црвена линија с6. е.028 денеска во 16:15 (26 ноем. ’25)

25 ноември е Меѓународен ден за борба против родово базирано насилство врз жените. Пратеничките ја започнаа кампањата „16 дена активизам“, а од ХЕРА Битола порачаа дека потребни се 365 дена одговорност. Во последните три години се регистрирани 12 фемициди, а институционалните пропусти покажуваат дека родовото насилство расте и претставува системски проблем. Во Велес институциите не реагираа и покрај повеќекратните пријави, а во Струга бремена работничка остана без продолжување на договорот – случај оценет како дискриминација. Истанбулската конвенција потврдува дека заштитата од родово насилство е меѓународен приоритет. Потребни се постојана превенција, континуирана заштита, економска сигурност и едукација. Прашање е како институциите, општеството и секој од нас да придонесе за поголема безбедност и еднаквост.
Дали денес родовата еднаквост е реалност?
Дали знаете за бесплатната 24/7 линија за помош 141700? Да/Не

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црвена линија с.6. e.186 денеска во 16:15 (24 јули ’26)

Дејан Дејан

Црвена линија с.6. e.185 денеска во 16:15 (23 јули ’26)

Дејан Дејан

Црвена линија с.6. e.184 денеска во 16:15 (22 јули ’26)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе