Балкан Вести

Ердоган: Директните разговори меѓу Русија и Украина да се одржат во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска учествуваше на видеоконференција со лидерите на „Коалицијата на подготвените“ за мир меѓу Русија и Украина, објави прес-службата на турското претседателство.

„Претседателот Ердоган рече дека директни разговори може да се одржат во Истанбул и дека Турција е во контакт со Русија и Украина за ова прашање“, рече Бурханетин Дуран, директор на Дирекцијата за комуникации.

Ердоган бил придружуван од турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз и министерот за надворешни работи Хакан Фидан.

Турскиот лидер ги увери учесниците од 35-те земји дека Анкара ќе продолжи со дипломатските напори за олеснување на патот кон директни разговори што би можеле да доведат до траен и праведен мир што е можно поскоро.

На состанокот, Ердоган изрази мислење дека склучувањето договор за прекин на нападите, прво врз енергетската и пристанишната инфраструктура, би можело да доведе до поволни услови за последователно преговарање за сеопфатен мировен договор меѓу страните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе