Вести Свет Топ вести

ЕП ќе дебатира за ставот на ЕУ за предложениот мировен план за Украина

Европскиот парламент претпладнево во Стразбур ќе ја одржи централната дебата на овонеделната пленарна сесија посветена на ставот на Европската Унија за предложениот мировен план за Украина и за нејзиниот ангажманот за постигнување праведен и траен мир.

Според најавите, европратениците со претставници на Советот на ЕУ и на Европската комисија во рамки на дебатата ќе разменат мислења за предложениот мировен план за Украина. Од оваа дебата ќе произлезе „Резолуција за ставот на ЕУ во врска со предложениот план и ангажманот на ЕУ за праведен и траен мир за Украина“, за чие усвојување европратениците ќе се изјаснат утре.

Во предложениот текст на резолуцијата европратениците ги повикуваат ЕУ, нејзините земји членки и меѓународни партнери на „најрешителен начин да ја поддржат желбата на Украина за праведен и траен мир, кој мора да се заснова на целосно почитување на независноста, суверенитетот, територијалниот интегритет и правото на избор на сојузи на Украина, принципите на меѓународното право, одговорноста за воените злосторства, злосторствата против човештвото и злосторството агресија, како и руските плаќања за огромната штета предизвикана во Украина и кој мора ефикасно да исклучи каква било понатамошна агресија од страна на Русија“

Европратениците ги нотираат напорите на Администрација на САД за ставање крај на војната на Русија, но смета дека „амбивалентноста на американската политика кон Украина е штетна за целта за постигнување одржлив мир“.

– Затоа, (ЕП) инсистира ЕУ и нејзините земји членки да продолжат да работат со САД и партнерите со кои споделуваат исти ставови за да се обезбеди дека преговорите за праведен и траен мир за Украина ќе се водат во согласност со горенаведените принципи, со добра намера и со цел дефинитивно прекинување на агресиите на Русија кон Украина како суверена европска нација, се наведува во документот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе