Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Руската вакцина е сигурна како и пушката Калашников

/

Свет

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската вакцина е „исто толку сигурна како Калашников“.

Коментарот беше даден за време на видео-конференција со вицепремиерката Татјана Голикова.Ова се случи откако здравствените власти на земјата регистрираа верзија со една доза на руската вакцина Спутник В, наречена Спутник лајт.

Споредбата на Путин се однесува на оружјето од времето на Советскиот Сојуз, кое останува популарно и широко користено до денес. Рускиот претседател цитираше коментар првично направен од австриски лекар на почетокот на оваа година за ефективноста на руската вакцина. Верзијата на Спутник В со две дози е веќе дозволена за употреба во многу делови на светот.