Економија Топ вести

Бесими: Реализација на капиталните расходи во првиот квартал подобра од лани за 51,5 отсто

Реализацијата на капиталите расходи во првиот квартал е подобра во однос на тој период лани. Во првите три месеци имаме вкупна реализација од 19,5 отсто, што е за 51,5 отсто повеќе од тој период лани, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими кој рече дека веќе се применува и новиот Механизам наречен КАПЕФ за реализација на капиталните инвестиции и дека кај оние буџетски корисници кај кои не е реализиран предвидениот минимум од 15 отсто се резервирани предвидените средства.

-Од јануари до април вкупната реализација на капиталните расходи е 19,5 отсто, но ако се спореди со тој период од минатата година тие се повисоки за 51,5 отсто, рече министерот кој додаде дека има добра реализација на приходите, што, според него, е исклучително важно во овој период кога се уште трае пандемијата.

Посочи дека во првиот квартал некои министерства имаат реализација и над 15 отсто, некои 25 отсто од планираното, а некои и повеќе и оцени дека реализацијата во овој период е подобра во однос на минатата година, но дека постојат и други мехаинизми на кои треба да се работи, а тоа не е само реализацијата туку и квалитетот на капиталните расходи.

Посочи дека кај оние корисници со послаба реализација веќе се  алоцирани, односно резервирани, во рамки на истите буџетски корсници и доколку во вториот  квартал има подобрување тие средсва ќе се вратат на капиталите позиции за да ја подобрат реализацијата на капиталните инвестиции.

Потенцира дека не е целта со механизмот казна или награда, туку подобра и поефикасна реализација на буџетските средства за капитални расходи.

-Не се работи за казна, туку за подобрување на планирањето. Секој буџетски корисник знае дека се резервирани средствата ако се под таргетот од 15 отсто за првиот квартал, вториот 40 и третиот 65 отсто од вкупни планираните во текот на годината.  Министерствата ги имаат тие средства, но во посебна ставка се резервирани  и тоа помага на ниво на целиот буџет така што од тие што помалку реализирале ќе се реалоцираат средствата таму каде има побрза реализација, појасни министерот за финансии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе