Вести Најважни Свет

Бугарија никако до нова влада, вратен и третиот мандат

Се продлабочува политичката криза во Бугарија, откако утринава по третпат на претседателот Радев му беше вратен мандатот за формирање на влада. Социјалистичката партија која беше третопласирана на парламентарните избори не успеаа да ги убеди другите политички субјекти да се согласат да ја поддржат нивната платформа, меѓу кои ревизија на работата на кабинетот на Борисов. Враќајќи го мандатот, лидерката на социјалистите на Радев му порача дека никој не сакал дури ни стручно да ја поддржат новата влада. Но, проблемот според Нинова е што во бугарскиот парлемент во моментов никој со никого не разговара.

Ниту една партија не разговара со друга. Тоа е лошото за Бугарија, што во овој парламент нема дијалог. Преовладува партиското его и личниот егоизам, желбата да се оди на нови избори и да се добијат повеќе гласови. Ваквото политичко сфаќање доведе до оваа ситуација, изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова.

Со оглед на фактот што партискиот егоизам преовладува над разумот, Нинова го врати мандатот. Претседателот Радев немаше голем избор, веќе го подготви теренот и новите избори ги најави за 11-ти јули. До тогаш ќе назначи привремена влада.

Во оваа ситуација е јасно дека одиме кон распуштање на Парламентот и организирање на нови избори. Но, ако и по тие избори, се најдеме во ваква ситуација и не се состави кабинет, Бугарија не само што ќе влезе во полтичка, туку и во уставна криза. Затоа ја користам оваа средба, да ги повикам сите политички партии на следното Национално собрание да ги прегледаат своите приоритети, да размислат за своето однесување и да можат да изберат влада, изјави Радев.

Сега Централната Изборна комисија ја презема улогата за распуштање на парламентот и закажување избори. Радев има намера да покани авторитативни експерти од левицата, од кои некои успешно ја исполнија својата мисија во претходната привремена влада што ја назначи.

По изборите на 4 април, ниту една од партиите не успеа да формира коалција, но според аналитичарите, новите избори на сите им одговараат затоа што сите се надеваат на повеќе гласови за идно стабилно мнозинство.

Сепак, 11-ти јули, иако не е дефинитивен датум, сепак за јавноста е спорен и можно е да биде атакуван, затоа што токму на 11-ти е финалето на Европското Првенство во Фудбал.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски во здравство, Велковски во социјала, Стоиљковиќ е предложен за министер за локална самоуправа, а Седат Сулејмани од Вреди оди во култура

Дејан Дејан

(видео)Новаковски за електронско гласање: Државата не е подготвена, една Германија ги фрли машините

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски се претвори во обвинител и судија- кога нема резултати, се бркаат политички противници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе