Вести Локални избори 2025

Али Ахмети за резултатите во вториот круг и изгубените општини на ДУИ- Време е за обнова и самокритика

По вториот круг од локалните избори, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека НАИ ги добила гласовите на народот и на општините со над 23.000 гласови, сметајќи ја како ја нарече „оваа победа за морален и политички мандат да се продолжи со пообединета работа,  подисциплинирана и попосветена на граѓаните, пренесе Коха.

„Победата на народното и општинското гласање, со разлика од над 23.000 гласови, е морален и политички мандат што нè обврзува да продолжиме пообединети, подисциплинирани и попосветени на граѓаните. Бидејќи, на крајот на денот, легитимитетот на секоја политичка визија произлегува од довербата на граѓаните, а оваа доверба не е оштетена, туку зајакната“, нагласи Ахмети.

Во својот говор одржан во седиштето на партијата, Ахмети нагласи дека легитимитетот на секоја политичка визија произлегува од довербата на граѓаните, а оваа доверба не е нарушена, туку напротив, зајакната.

Тој додаде дека губењето на неколку позиции на општинско ниво ќе послужи како повик за длабинска анализа, за обновување на стратегиите и корекција на евентуалните недостатоци за да им се понуди повеќе и подобро на граѓаните.

„Ќе спроведеме длабинска анализа, ќе ги обновиме нашите редови и нашите стратегии и ќе ги исправиме сите недостатоци за да им понудиме повеќе и подобро на граѓаните“, нагласи Ахмети.

ДУИ доживеа порази во Кичево (родното место на Ахмети) и Струга, а не успеа да победи во Тетово. Единствено градоначалничко место во вториот круг, ДУИ го освои во Студеничани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе си делат ли контејнер неколку угостители за да избегнат казни за фрлање смет по 22 часот?

Дејан Дејан

Корупцискиот скандал со проневери преку ИПАРД на опозициските пратенички прашања – обвинувањата се префрлија на собраниска говорница

Дејан Дејан

Села испорача три услови без кои нема да разговара за влез во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе