Вести Свет

Индија 11-ти ден бележи црни рекорди во починати од ковид

Нема смеа низ полните улици на Њу Делхи. 11-ти ден по ред солзите се секојдневие. Индија ги живее најцрните денови од пандемијата. Денеска јавува за нов смртоносен рекорд – 3.689 луѓе не успеаа да се изборат со болеста која неконтролирано се шири. Ова е по само еден ден откако го надмина светскиот рекорд и во нови случаи од над 400 илјади. Болниците се борат да добијат кревет плус, но и медицински кислород. Една од болниците остана без кислород цели 80 минути, што беше кобно за 18 пациенти.

Навистина мислам дека потфрли судството, нацијата. Толку многу луѓе ме измамија за боци со кислород. И татко ми не можеше да добие ништо на време. Сè одложи, сè. Сè одложено. Нема извештаи за време, нема лекови на време, нема боци- ништо, вели низ солзи ќерка на починат од ковид.

Најзагрозените болници добиваат кислород од владата, но се појави проблем – раководствата на тие болници го продаваат неопходниот кислород на оние кои можат да го платат. Затоа, судот во Њу Делхи на одговорните им се закани со сериозни казни ако навремено не  обезбедат кислород за пациентите. Управите на неколку болници се под судска истрага поради пропустите. Ова ги надмина сите мерки. Сега е доста, се вели во соопштението на Вишиот суд .

Во обид да го скроти монструозниот бран, Индија го укина и националниот план за вакцинација. Од денеска можат да се вакцинираат сите постари од 18 години. Исплашени, Индијците направија долги редици пред вакциналните пунктови. Но, државата, иако најголем произвоидеител на вакцини се соочува и со нивен недостиг. Луѓето ја обвинуваат власта за лошата проценка.

Мислам дека владата не успеа добро да се подготви и испланира вакцинација на луѓе над 18 години. Брзаа со одлуката по неодамнешниот бран од нови случаи. Ова доведе до притисок на системот за вакцинација. Немаше да се случи овој хаос ако владата претходно планираше.

Наслението може да се имунизира или бесплатно во државните болници, или во приватните болници, но тука вакцината се плаќа двеипол евра, а се најавува и поскапување. Можно е и државната повеќе да не е бесплатна, затоа што фармацевтските компании ќе ги диктираат цените.

Проблемите со цените дополнително ќе ја продлабочи нееднаквоста, и тоа ќе биде новата пречка во и онака бавниот напор на Индија за имунизација на наслението. Досега само 2% од милијарда и триста милионското население е целосно вакцинирано против ковид, а само 10% примиле една доза.

Со ужасните сцени од крематориумите каде дневно се кремираат над сто починати, на Индија и се заканува хуманитарна катастрофа, предупредуваат научниците. Стравуваат дека истиот ужас ќе се повтори и во другите сиромашни држави од светот, ако богатите земји не доставуваат парична и медицинска помош.

 Алиса Шутиноска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе