Вести Економија

Струмичките пазари жртви на дивите пазарџии

Дивите продавачи по улиците го испразнија пазарот Чешел. Речиси еден месец овој пазар е затворен и работи само во сабота, кога е пазарниот ден во Струмица. Но затоа, пак, див пазар со секаква стока, па и свежи риби е распослан долж централниот дел на градот. Директорот на комуналното претпријатие Комуналец којшто управува со Чешел, велат дека затворањето е затоа што во текот на неделата нема продавачи, а ни посетители. Затоа решиле пазарот да е затворен, а вработените ги прераспределиле во пазарот на големо каде што има голема фреквенција.

Дивите продавачи ги окупираат и улиците и тротоарите з авреме на пазарниот ден. Директорот на Комуналец вели дека немаат надлежност надвор од пазарот па апелира институциите да се справат со оваа појава.

Општина Струмица признава дека дивите продавачи им се голем проблем. Но, велат дека справувањето со оваа појава е во тоа што повеќе институции имаат надлежности. Пазарниот инспекторат и општинските комунални инспектори си ја префрлаат одговорноста кој треба да се справува со дивите продавачи по струмичките улици.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе