Вести Македонија

Се собира сметот од домаќинствата

Скопје во претпладневните часови, екипата на Телма беше на терен за да ја види вистинската слика со сметот во главниот град. Во речиси сите скопски општини состојбата беше слична, можеше да се забележат претежно испразнети контејнери, но имаше и такви кои покрај комунален отпад, беа преполни и со кабасто ѓубре.

Ги прашавме граѓаните како ја оценуваат сликата со отпадот во главниот град и еве ги нивните одговори.

За време на викендот ЈП „Комунална Хигиена“ освен што го собирале отпадот, ги миеле и дезинфицирале контејнерите, велат оттаму.

„Миењето на контејнерите се спроведува веднаш по нивното празнење, со употреба на специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок. Воедно сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција“, велат од ЈП Комунална хигиена Скопје“.

Лекарите, пак, бараат итна дератизација за да се намали опасноста од здравствена криза предизвикана од проблемот со ѓубрето во Скопје.

Правниците прстот го вперуваат кон раководните структури на комуналното претпријатие и ги советуваат граѓаните дека можат да ги тужат надлежните и да бараат надомест на штета.

Додека надлежните се обидуваат да го решат проблемот, кандидатите за градоначалници и актуелни градоначалници во неколку скопски општини пред вториот круг на локалните избори се растрчаа да го расчистат сметот во кој тоне главниот град со месеци наназад, а граѓаните мака мачат.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе