Свет Топ вести

Во стампедо во Израел загинаа повеќе од 40 луѓе, 150 се во болница

Верски обред се претвори во страотна трагедија. Во стампедо во Ираел за време на верски обред на кој присуствувале околу 100.000 луѓе, живото го изгубија над 40 луѓе, а повредени се 150, од кои повеќе од триесет се во критична состојба. До несреќата дошло кога група ултраортодоксни Евреи поминале преку гробницата на мудрецот од твориот век, во текот на комеморацијата кога се одржувало бдение, се пееле мистични песни и се изведувал посебен танц.

Според првиот полициски извештај, стампедото започнало кога неколку луѓе се лизнале на претрупаните скали. Очевидците велат дека луѓето се загушиле во тесните премини кога тргнале да излегуваат од светилиштето. Паѓале едни врз други и се тркалале низ скалите. Велат дека некои стоеле врз човечките тела но, не можеле да се поместат. Дел од очевиците сметаат дека полициските барикади биле пречка за луѓето што побрзо да излезат.

  • Повеќето бевме кај задната област, кога сите почнаа да излегуваат од светилиштето, луѓето на Хасидут Толдос Ахарон, видовме како ги туркаат другите и потоа видовме како ги газат луѓето. Во тој момент кога ги видов луѓето од овде заминав надвор, таму видовме како ги  евакуираат луѓето и ги спроведува полицијата – Јехошуа, очевидец.

Повредените со хеликоптер се пренесуваа во болница. Покрај медицинските екипи и израелоската војска помагаше на лице место. А полицијата уапси двајца кои го попречувале одржувањето на редот кога се случило стампедото.

Апсолутно тешки глетки, јас сум болничар околу 10 години и не се сеќавам дека сум видел вакво место. Добивме извештај за неколку повредени, прво мислевме дека се болни од општа слабост, кои поради притисокот и топлината се повредени и им требаше евакуација. Но, кога стигнавме до местото сфативме дека станува збор за сосема поинаков инцидент, со масовни жртви – Омри Горга, болничар.

Најголема трагедија до сега, рече премиерто Нетањаху, кој истакна дека меѓу згмечените луѓе има и деца. Тој повика да запрат гласините на социјалните мрежи бидејќи се уште се работи на индентификунање на жртвите. Додека се спроведува темелна истрага, недела веќе е прогласена за ден на жалост во Ираел.

Катастрофата на гробницата Мерон е една од најлошите катастрофи кои се случиле во Ираел. Жалиме за жртвите, сочувстство до семејствата, а на повредените им посакуваме целосно закрепнување. Ова се тажни глетки кои го кршат срцето, луѓето се згмечени до смрт, вклучувајќи и деца. Голем дел од настраданите се уште не се идентификувани и сакаме да ги запреме гласините на социјалните мрежи бидејќи тоа е тешко за семејставата. Оставете ги властите да работат – Бењамин Нетаниаху, премиер на Израел.

Гробницата Маунт Мерон се смета за едно од најсветите места во еврејскиот свет и секоја година ја посетуваат многу верници.

Ова е еден од најголемите собири во Ираел од почетокот на пандемијата, а минатата година сите собири беа забранети поради рестриктивните мерки. На овогодинешниот собир требаше да присуствуваат 10.000 луѓе но, се собраа десет пати повеќе.

Билајан Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе