Вести Економија

Њујорк со 66 милијардери и 384.500 милионери

Њујорк е град со најмногу милионери во светот, а по него се Сан Франциско, Токио, Сингапур и Лос Анџелес. Според анализата на британската консултантска фирма „Хенли и партнерс“, во Њујорк моментално живеат 384.500 милионери, во споредба со 349.500 претходната година. Од нив, 818 имаат имот од најмалку 100 милиони долари, а 66 се милијардери, објавува „Пословни.хр“.

Областа на Сан Франциско е на второ место со 342.400 милионери (претходната година 305.700). Таму живеат 756 супербогати поединци со најмалку 100 милиони долари и 82 милијардери. Токио е на третото место со 292.300 милионери, вклучувајќи 262 со по најмалку 100 милиони долари и 18 милијардери.

Анализата покажува дека најголемиот број од милионерите живеат во Северна Америка и во Азија. Од Европа, во топ 10 „милионерски“ градови се само Лондон и Париз, Милано е на 11. место, Франкфурт на 19, а Цирих на 20 место.

Во 20 „најбогати“ градови во светот се и Хонг Конг, Сиднеј, Чикаго, Пекинг, Осака, Шангај, Торонто, Мелбурн, Хјустон и Дубаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе