Инфлацијата во еврозоната во септември се зголеми на 2,2%, што ја надмина прогнозата на Европската централна банка и ги зголеми изгледите дека каматните стапки ќе останат непроменети подолго време.
Зголемувањето се должи на поскапи услуги и побавното намалување на трошоците за енергија.
Особено загрижувачки е растот на цените на храната, кој ја надминува вкупната инфлација и продолжува да ја намалува куповната моќ на граѓаните.
Во некои земји, како Хрватска и Словенија, инфлацијата на храната надмина 40%, додека Франција, Ирска и Финска успеаја да ја задржат под 28%.
Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, изјави дека моменталните ризици се ограничени, но и дека банката е подготвена да реагира доколку се појават нови шокови.
Сепак, септемвриските податоци веројатно ќе ги зацврстат позициите против евентуално намалување на каматните стапки на претстојниот состанок на 30 октомври.
