Вести Свет

Зеленски: Ако се закануваат со прекин на струјата во Киев, и Москва ќе биде во мрак

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се закани дека Киев ќе изврши удари со ракети со долг дострел врз Москва кои би можеле да предизвикаат целосен прекин на струјата во руската престолнина.

„Ако Русија има за цел да ја остави Украина секоја зима во мрак, тогаш не сум сигурен дека одговорот на Украина и на нејзините партнери треба да биде поинаков. Ако се закануваат со недостиг на струја во украинската престолнина, треба да знаат дека и во рускиот главен град ќе биде мрак“, порача Зеленски на што Кремљ возврати дека одговорот ќе биде адекватен. 

Таквата намера ја потврди и генерал потполковник Андреј Гнатов, началник на Генералштабот на Украина. Тој истакна дека „секоја акција на непријателот, ќе добие симетричен одговор“ за што, според него, „Киев ќе пронајде можности, оружје и ќе спроведе такви операции“.

Украина повеќе пати изведуваше напади со ракети и дронови врз цели длабоко во Русија. Зеленски во август објави дека Украина развила ракета „Фламинго“ чиј дострел, како што рече, е околу 3.000 километри. Во меѓувреме и САД најавија можност за испорака на крстосувачки проектили „томахавк“ со дострел од 1.600 километри.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе