Две лица се убиени а тројца повредени во очигледен анти-семитски напад во северна Англија.
Напаѓач со автомобил влетал во група луѓе пред синагога во близина на Манчестер на дента кога верниците го слават Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар.
Напаѓачот потоа со нож започнал да ги боде луѓето во близина на верскиот објект по што во интервенција на полицијата бил смртно застрелан.
Идентитетот на убиецот засега не е потврден, бидејќи полицијата се уште утврдува дали е безбедно да се пристапи до телото на напаѓачот заради сомневањата дека на него има експлозивна направа.
Н.И
