Во август 2025 година, бројот на вработени во индустрискиот сектор во Македонија е намален за 2,6% споредено со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Намалувањето најмногу се должи на падот на вработеноста во преработувачката индустрија, рударството и вадењето камен и снабдувањето со електрична енергија, гас и пареа.
Сепак, зголемување на бројот на вработени е забележано кај трајни производи за широка потрошувачка и интермедијарни производи, освен енергија. Кумулативно, од јануари до август годинава, индустрискиот сектор бележи пад на вработеноста од 3,8% на годишно ниво се вели во податоците на Статистика.
Т.Д.
