Вести Свет

Масовни отпуштања во САД поради владинo затворање

Белата куќа најави дека масовните отпуштања на федерални службеници ќе започнат во рок од два дена, додека владата на САД останува затворена поради неможноста на Конгресот да постигне договор за буџетот.

Спорот меѓу демократите и републиканците околу финансирањето на здравствената заштита и привремениот буџет доведе до прво затворање на владата по речиси седум години. Двете страни меѓусебно се обвинуваат, додека десетици илјади вработени се соочуваат со неплатен одмор или потенцијални трајни отпуштања.

Вицепретседателот Џеј Ди Венс изјави дека администрацијата е принудена на непопуларни чекори, додека демократите ги обвини за политички игри. Од друга страна, демократите велат дека се борат за заштита на здравствените придобивки на ранливите категории граѓани.

Според проценките, околу 750.000 федерални службеници – или 40% од вкупниот број може да бидат привремено отпуштени. Аналитичарите очекуваат ова затворање да биде пообемно од она во 2018 година, со сериозни економски последици ако не се најде компромис во наредните денови.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот го ослободи Никола Груевски за „Талир 2“ и го одби барањето на Обвинителството за конфискација на партискиот имот

Sonja Petrusevska

На градилиштето каде загина работник немало заштитни мрежи – објектот на Пречистителната станица доби забрана за работа

Дејан Дејан

(Фотогалерија)ЕУ донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе