Почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје, кој го управува ЕСМ. Иако официјалниот почеток е закажан за 15 октомври, поради најавените ниски температури во наредниот период сезоната може да почне и порано. Услов за тоа е надворешна просечна температура за наредниот ден да е 12 степени или помалку. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, за денеска е прогнозиранa средна температура од 10 степени, што ги исполнува условите за почеток на грејната сезона. До официјалниот почеток на сезоната, односно до 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување ќе се објавува дневна информација дали се исполнети условите за греење за наредниот ден. Ова ќе им овозможи на граѓаните да бидат навремено информирани за стартот на испораката на топлина.
Почна грејната сезона за корисниците на централно парно греење во Скопје
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
