Една просечна општина не е доволно транспарентна. Најмалку половина од општините не ги објавуваат оние податоци кои според закон треба да ги објават, а се однесуваат во делот на трошењето на парите.
Книжат долгови, буџети полнат најмногу од градежни дозволи и маркици. За проекти се крстат во помош од централната власт. Во животната средина рециклираат главно странски донации, а опкружени се со жешки еко-точки. Кон граѓаните се свртени, најмногу на гласање. Кој е профилот на една македонска општина? – Сите истражувања на едно место.
Во „Топ тема’ вечерва дебатираа Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, Блаже Јосифовски од Go Green и Ѓорѓи Хаџи Василев од Институт за демократија „Сосиетас Цивилис“.
