Експлозии и пожар во Минхен. Полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив откако рано утрово пожарникарите добиле дојава дека куќа е зафатена од пожар, по што следеле извештаи за силни детонации. На самото место било пронајдено машко тело. Според германските медиуми, станува збор за маж кој ја минирал куќата на своите родители, ја запалил и потоа си го одзел животот. Тој носел ранец за кој полицијата се сомневала дека содржи експлозивна замка, па експертите за неутрализација на бомби ја презеле акцијата. Во непосредна близина на Езерото Леренау е пронајдена уште една повредена личност со прострелни рани. Спасувачките и полициските екипи и натаму работат на теренот, а истрагата ја води и одделението за убиства. Полицијата апелира до граѓаните и возачите да ја избегнуваат областа.
Маж ја минирал куќата на своите родители и се самоубил
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
