САД ја оценуваат деловната клима во Македонија како генерално позитивна, со отвореност кон странски инвестиции, особено во Технолошко-индустриските зони, каде што странските компании пријавуваат добро искуство. Сепак, во новиот извештај за 2025 година, Стејт департментот предупредува дека корупцијата, правната несигурност и честите регулаторни промени создаваат непредвидлива средина за бизнис. Иако Владата беше фокусирана на енергетска ефикасност и ублажување на инфлацијата во 2024 година, напорите за привлекување нови инвестиции биле ограничени. Се наведува дека иако има истраги против високи функционери, малку од нив резултираат со обвиненија. Како клучни можности за идни американски инвестиции се посочени дигитализацијата и обновливите извори на енергија, додека геостратешката позиција на земјата и нејзиното членство во НАТО се сметаат за значајни предности. БДП во 2024 година пораснал за 2,2%, со невработеност од 12,5%, а Владата има амбициозни цели за раст и отворање на нови работни места до 2026 година.
Стејт департмент: Корупцијата пречка за инвестиции
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
