Британската Лабуристичка партија се изјаснија позитивно за прифаќање на ставот дека Израел спроведува геноцид во Газа. Со тоа, според „Скај њуз“, се зголемува притисокот врз владата на премиерот Кир Стармер за усогласување со наодите на независната истрага при Обединетите Нации што беа неодамна објавена.
Израел ги отфрли наодите во истрагата, нарекувајќи го извештајот „искривен и невистинит“.
Британскиот премиер Кир Стармер и неговите министри одбија да прогласат дека се случува геноцид во Газа. Според нив, за тоа прашање се надлежни судовите, имајчи предвид дека Израел води случај пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг во кој земјата е обвинета за геноцид.
С.Д.
