Американскиот претседател, Доналд Трамп и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху во Белата Куќа разговараат за мировниот план во 21 точка кој треба да стави крај на војната во Газа и ужасната хуманитарна состојба во оваа палестинска територија.
Планот на американската администрација доаѓа по серијата дипломатски признавања на палестинската држава од страна на повеќе големи држави и членки на Г7, како Обединетото Кралство, Франција, Канада, Австралија, Португалија и други.
Израел под силен меѓународен притисок и откако специјална комисија на Обединетите Нации го обвини за геноцид врз палестинците во Газа.
Ова е само прва средба на која двајцата лидери, досега одлични сојузници, треба првично да го разгледаат планот на Трамп, иако засега според информациите, Хамас сѐ уште не е запознаен со сите детали.
