Македонија

Се дигитализира Уставен суд

Уставниот суд се модернизира со нова дигитална опрема и е на чекор од снимање и пренесување на седниците во живо. Опремата не ја набавува државата, таа е е донација на турската агенција за соработка и координација ТИКА и беше тестирана и промовирана денеска во живо, токму од салата каде што се држат седниците. Со оваа опрема Уставен станува прв и единствен суд во државата, комплетно дигитализиран.

„Опремата која денеска беше донирана е всушност донација коај ќе ја зголеми ефикасноста, транспарентноста и отворената кон јавноста, односно новиот систем кој е набавен ќе ни овозможи одржување на хибридни состаноци со интегрирана аудио и видео опрема, онлајн и физички може да присуствуваат сите судии и во расправа и во одлучќување на судот, симултан превод, безбеден клауд, снимање на сите седници и комуникации, автоматска изработка на транскрипти и низа други алатки кои ќе ја зголемат ефикасноста на Судот. Сакам да изразам искрена благодарност и на ТИКА и на претседателот на Уставниот суд на Турција, Кадиз Озкаја и се надевам и понатаму ќе ја одржиме оваа братска и пријателска комуникација, рече Костадиновски.

Пред промоцијата на новата опрема за дигитализација, претседателот Костадиновски оствари билатерална средба со турскиот колега Озкаја, а потоа се одржа работен состанок на кој се дискутираше за можностите за трансформација и унапредување на работењето на Балканскиот форум на уставни судови, кој е формиран по иницијатива на македонскиот и бугарскиот Уставен суд. Се дискутираше и за придобивките од воведување на уставна тужба, искуствата и стојалиштата на уставните судови по одредени правни прашања.

„Имаме одлични севкупни односи и сме среќни што продолжуваме и понатаму и се надеваме дека со тек на времето ќе продолжат со истиот растечки тренд. Соработката меѓу овие институции несомнено ќе придонесе за зајакнување на владеењето на правото и унапредување на човековите права и тоа во балканскиот регион во овој контекст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе