Во Србија протести и контрљ протести низ улиците синоќа. Од една страна студенти и граѓани што бараа правда и промени пред РТС и низ повеќе градови, а паралелно беа организирани контрапротести на владејачката СНС на повеќе од 200 локации. Н1 објави дека , полицијата агресивно ги потиснувала граѓаните што протетстирале во поддршка на студентите и им го блокирала пристапот, додека поддржувачите на СНС се движеле слободно низ центарот. Приведено е едно лице, а дел од државните функционери се појавијавиле заедно со партиските собири.
Инциденти имаше и во Богатиќ, двајца полицајци се повредени при судир со присутни граѓани, а во Чачак, според извештаите, две лица биле претепани со полициски пендреци. Во повеќе средишта полицијата интервенирала за да ги раздели колоните и да спречи директни судири.
Паралелните собири ја отвораат уште една нервозна изборна етапа во Србија, каде протестот на студентите ја става под лупа улогата на јавниот сервис и полициските практики, а власта одговара со масовност и демонстрација на организациска сила.
