Вести Економија Македонија

Македонија каска зад светот во дигитализацијата

Македонија каска зад светот во поглед на дигитализацијата. Во презентацијата на 24 годишна конференција на Македонската берза во Охрид, директорката на „CaSys“ Филомена Пљаковска-Аспровска вели дека 95 отсто од светските компании се дигитализирани. Вештачка интелигенција, автоматизација, „ај клаудс“ наместо сервери, електронска трговија.

Во Македонија целата дигитализација е во развој, но далеку од светското ниво. Фирмите немаат пари, законите се застарени, има отпор кон промени, но можеби и најважно нема луѓе, кои може да ја направат модернизацијата.

„Нашите најдобри студенти најчесто заминуваат во Германија, Холандија, над 40 проценти од ИТ позициите не се пополнети. Секој програмер којшто ќе замине е изгубена можност за дигитализација, вели Филомена Пљаковска-Аспровска, главен извршен директор на „CaSys“.

Сепак, не е сè толку црно. И во земјава има примери на успешна дигитална трансформација, и во приватниот и во јавниот сектор. Постојат виртуелни платежни картички, е-трговијата се развива, апликации за плаќање, а државата нуди над 200 услуги за кои не мора да се оди на шалтер, туку може да се извадат дигитално – од имотен лист до извод од матична книга на родени.

Сепак, тоа не е доволно. Треба да се почне со мали чекори и да се инвестира во луѓе. Дигиталните услуги мора да бидат разбирливи и лесни за користење. Со оглед на тоа што се очекува за 5 години, за 70 отсто од работните места да се бара дигитална писменост, мора да се инвестира во тоа.

„Дигиталната писменост не е луксуз, туку е основна потреба. Како што во 20-от век имаше кампањи за описменување, така во 21-от век сега треба да има дигитално описменување – почнувајќи од основно образование и продолжувајќи со доживотно учење“, вели Пљаковска-Аспровска.

Сепак, таа посочува дека не е сè изгубено. Ако почне да се работи на дигиталната трансформација веднаш, Македонија може да стане лидер во регионот до 2030 година, со оглед на тоа технологијата рапидно се менува.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат поради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе