Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 5:49 часот го погоди округот Лонгси во градот Дингси, провинцијата Гансу, северозападна Кина, соопшти Кинескиот сеизмолошки центар. Епицентарот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Според државната телевизија CCTV, земјотресот повредил седум лица, целосно уништил осум куќи, а оштетени се повеќе од 110 домови.
Властите на провинцијата активираа четврто ниво на итен одговор.
Во погодените подрачја се испратени 255 спасувачи и повеќе возила за спасување, кои веќе пристигнале во 12 села.
До 9 часот утринава се регистрирани четири афтершокови со јачина од 3,0 или поголема.
Спасувачките активности се во тек.
